Србија формира тим за борба против влезот на Косово во Советот на Европа.

 

Шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ потврди за РТС дека е формиран тим за борба против приемот на Приштина во Советот на Европа.

Дачиќ како гостин во Утринската програма на РТС изјави дека на чело на тимот ќе биде тој и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пишува РТС.

„Најголем број луѓе ќе бидат од МНР, но има и од Народното собрание, од кабинетот на претседателот на Републиката, од други министерства, некои други министри – Тања Мишчевиќ, која е за европска интеграција, министерот Момировиќ, кој има многу контакти во однос на надворешната трговија“, изјави Дачиќ.

Дачиќ предупредува дека одлуките во Советот на Европа ќе се носат не со закон и правда, туку со сила.

„Правдата и правото нема да се видат овде. Овде ќе ја гледаме силата – односно дали некој сака на сила да ја наметне или не“, рече Дачиќ.

Тој вели и дека Советот на Европа е единствената организација каде што имаат шанса да влезат, за разлика од ОН, за што, како што вели, можат само да сонуваат.

Дора Бакојани од Грција даде поддршка за влез на Косово во Советот на Европа со објаснување дека тоа ќе биде подобро за српското малцинство. Србија е разочарана од одлуката на Бакојани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.