Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека освен сослушувањето на двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, како што јави „Н1“, приведен е и братот на еден од осомничените.

Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството.

Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.