Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Стано.
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано.
Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал, како и американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.
Стано додаде дека целта на посетата е да се постигне конкретен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализација и деескалација по последните настани.
Според Стано, ЕУ, нејзините земји-членки и САД остануваат силни поддржувачи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и европската иднина на целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.