Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Пекинг се сретна со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг.

„Многу сум среќен, почестен и привилегиран што денеска имам можност да бидам во Пекинг. Министрите на Владата на Србија се со мене, што говори за почит и самата можност да бидам таму. Имаме напредок во сите области во со кои соработуваме Иницијативата „Појас и пат“ донесе многу добро за нашата земја“, рече Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav.

„Горд сум на нашето пријателство и на резултатите што ги постигнавме, Договорот за слободна трговија што го потпишуваме денеска отвора нови перспективи во односите меѓу нашите земји.
Ви благодариме, претседателе Си, за вашиот личен ангажман во зајакнувањето на врските меѓу нашите земји и народи“, додаде српскиот претседател.

По средбата ќе бидат потпишани билатерални документи меѓу двете земји. Најважниот договор е договорот за слободна трговија потпишан од министерот за трговија Томислав Момировиќ и Ванг Вентао, министер за трговија на Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.