Словенечкиот премиер Јанез Јанша,  соопшти дека неговата влада ќе се обиде да избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на Ковид-19 предизвикан од многу позаразната омикрон варијанта на корона вирусот.

Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе го минеме овој бран со почитување на сегашните мерки. Но, земјата е доведена до раб поради големиот број заразени што се должи на релативно ниската стапка на вакцинација – изјави Јанша.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.