Само седум српски возила се пријавиле да си ги променат регистарските таблички на косовски ознаки, објавија српските медиуми. Сопственици на возилата се Срби кои работат во косовските институции.

Србите не го послушаа барањето на премиерот Албин Курти да ги пререгистрираат своите возила на знакот КС и на имиња на косовските градови.

Рокот истекува на крајот на октомври а Курти се закани дека по тој датум возилата ќе бидат одземани. Српски возила на Косово има околу 7000.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.