Црногорската полиција во вторникот во размена на оган го убила напаѓачот кој пукал врз полицајците во текот на истрагата за бомбашки напад врз куќата на еден полициски службеник во Подгорица.

Како што соопшти црногорската полициска управа, во вторникот рано утрото во подгоричката населба Коник, врз куќата на еден полицаец биле фрлени две бомби од кои едната експлодирала. Потоа следела полициска истрага во којашто идентификувани се две осомничени лица. Во текот на нивното идентификувања и обид за приведување, едно од лицата отворило оган кон полицијата.

Полицијата идентификуваше две осомничени лица од кои едно отвори оган во правец на полициските службеници, по што тие употребија огнено оружје и притоа Фадил Кољиќ е тешко ранет и пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора на укажување лекарска помош. По здобиените повреди почина, соопшти црногорската полиција додавајќи дека вториот осомничен е уапсен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.