Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од претседателските избори по 100 отсто обработени избирачки места во Србија.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, соопшти дека бројот на избирачи кои се запишани во избирачкиот список е 6.305.816, излегле 3.697.147 граѓани, а гласале 3.681.561.

Тој изјави дека неважечки ливчиња се 87.445, а бројот на важечки ливчиња изнесува 3.594.116.

Тој ги објави и прелиминарните резултати од претседателските избори:

Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови

Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија“ – 18,32 отсто – 674.567 гласови

Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада“ – 5,97 отсто – 219.970 гласови

Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок“ – 4,38 отсто – 161.212 гласови

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници“ – 4,25 отсто – 156.635 гласови

Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме“ – 3,20 отсто – 117.784 гласови

Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти“ – 2,03 отсто – 740.866 гласови

Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ“ – 0,87 проценти – 32.074 гласови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.