Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека во врска со тензиите на северот на Косово ја поддржува 100 отсто владата на Косово.
„Настаните се одраз на длабоките тешкотии кои постојат во овој однос и извршувањето на суверенитетот на целата територија на државата Косово, врз основа на договорот меѓу Србија и Косово договорен во Брисел. Во овој момент ја поддржувам 100 отсто владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот“, кажа Рама.
Рама оцени дека косовската влада донела правилна одлука спроведувајќи реципроцитет, а потоа го одложи за 30 дена и дека во таквите ситуации Косово има две опции, едната е враќање и војна, а втората да седне на масата на Отворен Балкан.
„Овие ситуации не покажуваат дека Отворен Балкан е непотребен или погрешен. Не покажуваат дека нашиот пристап кон Србија и политиката на зближување е непотребна, овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан. Тоа е причината зошто Косово треба да дојде и да седне на масата на Отворен Балкан. Кога нештата ќе тргнат наопаку, има две опции. Едната е војна, од која никој не добива, вториот пат е изградба на мир. Луѓе сме и имаме обврска да им оставиме мир на своите деца“, порача Рама.
Албанскиот премиер го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод најновите случувања на Косово, да не им дава „никакво оправдување на одделни групи на северот на Косово“.
„Го повикувам претседателот на Србија да не им дава никакво оправдување на одделни грип на северот на Косово, кои од свои причини се противат на примената на договорот кој мора да се примени и кој е валиден за да му даде поголем кредибилитет на дијалогот на Косово и Србија“, кажа Рама.
Албанскиот премиер наведе дека договорите со другата страна треба да се спроведуваат, а не да се расправа за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.