Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Србија е откриено уште едно место со уште повеќе злато отколку првото во Жагубица.

Претседателот не прецизираше за која локација станува збор, но изјави дека тоа е едно од најголемите локации во светот.

Најдовме место во Србија со многу повеќе злато отколку во Жагувица. Нема да ви кажам која е, сите ќе заблескате. Како што се испоставува, цената на сè скока 10 пати, 50 пати, државата повеќе не може да си ја врши работата. Според првите, прелиминарни извештаи, а се вршат дополнителни проверки, најдовме едно од првите 100 наоѓалишта на злато во целиот свет. Само да имаме мозок да  го искористиме литиумот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.