Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вчерашното обраќање откри детали од средбите со претставниците на меѓународната заедница за преговорите со Косово.

Вучиќ рече дека добил закани оти ако не се реши ова прашање ќе се прекинат преговорите со ЕУ,ќе се врати визниот режим и она што е најстрашно ќе се повлечат сите странски инвестиции.

-Дојде петорката и ми рекоа мора да го прифатите овој план, доколку не го прифатите, бидејќи сметаме дека мора да се прифати, ќе се соочите со прекин на процесот на Евроинтеграции, со запирање и повлекување на инвестициите, со сеопфатни мерки во политичка и економска смисла.

Од Србија веќе не се бара да го признае Косово туку да не се спротиставува на негово членство во Обединетите нации што е дефакто исто.

-Пред нас се тешки месеци но конечната одлкука нема да ја донесам јас сам туку Парламентот а ако треба и народот-рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.