Интензивната потрага по Маријана Зајферт (38), попозната како победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“, чие исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг, продолжува и денеска.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, вчера во текот на денот на неколку стотини метри од нејзиниот дом биле пронајдни нејзини работи, детално претресено е целото маало, како и просторот околу реката Сава. Според „Јутарњи“, потрагата и денеска ќе продолжи во тој дел, а ќе се прегледува и со дрон.

Kако што соопшти нејзиниот сопруг Карло, Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб среде ноќ. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.