Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е фашист кој, како што вели Гренел, живее во минатото.

Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи – напиша Гренел на Твитер.

Истовремено, Гребел ги повика српските лидери да не наседнуваат на провокациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.