Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење

Еден пожарникар загина при гаснење на пожар кај Дубровник, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ).

Истрагата за причините за смртта на пожарникарот Горан Комленац е во тек, а по завршувањето јавноста ќе биде информирана.

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење.

Пожарот зафатил 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громаче кај Затон (Дубровачки).

Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.