Српската полиција е во потрага по Урош Пашајлиќ (38) од Белград поради сомнение за сторени кривични дела семејно насилство, запуштање и злоупотреба на малолетно лице и повреда на семејните обврски. Објавена е фотографија за јавноста да може да пријави доколку некој го препознае бегалецот.

Станува збор за мажот во чиј стан беше пронајдено едвај живо осумгодишно девојче, негова ќерка која со години ја чувал како роб и која не видела бел ден.

Мачни детали доаѓаат од српските медиуми кои го посетиле станот во кој живеел Пашајлиќ со неговото девојче, врз кое му било доделено старателство иако и тој и мајката биле регистрирани наркомани. Не се знае зошто Центарот за социјални работи со години не го посетил девојчето.

Според извори од болницата на „Телеграф“, девојчето било дехидрирано и дезориентирано. Тоа малку и неразбирливо зборува, слабо е и засега не знаат дали може да оди нормално.

Девојчето било пронајдено склупчено во кадата. Наоколу имало неколку пакетчиња гризини, како и фотографија од неа и нејзиниот татко.

(фото: Nenad Kostić/Курир.рс)

Засега нема информации дали ќе има пријава и за партнерката на Пашајлиќ, која живеела со нив, а која пријавила во полиција за девојчето дури откако и самата била претепана од страна на монструмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.