Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ги демантираше информациите дека поради последниот скандал во владата, кога беше уапсен министерот за градежништво, Дарко Хорват, дошло до поделби и несогласувања меѓу коалициските партнери и самата партија, на чие чело е премиерот Андреј Пленковиќ.

Од ХДЗ тврдат дека партијата е силна и стабилна и дека има солидно и стабилно парламентарно мнозинство. Оттаму наведуваат дека досега илјада пати се видени измислувања некакви „превирања, наводни конфликти и ултиматуми“ во редовите на ХДЗ.

ХДЗ демантира дека имало понуда до опозициското Татковинско движење на Иван Пенав да ја спаси владата во случај да се распушти актуелната владејачка коалиција.

Велат и дека нема да има предвремени парламентарни избори.

Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Нашата влада продолжува да ја работи својата работа за што ја доби довербата на хрватските граѓани во 2016 и 2020 година. Затоа, пастирите нека бараат состојба на поделеност и конфликт во редовите на немоќната, јалова опозиција. Во неа и ќе ја најдат – објави ХДЗ на својата страница на Фејсбук.

https://www.facebook.com/HDZ1989/posts/pfbid0XV1funzXp4D4JV3Kqad8vDg1CxptELiouUC6rLv72asA9rgmubxfRACJa8DAeUTal

Овој демант се појави по вчерашната петчасовна средба на коалицијата на која не беше постигнат договор за избор на нов министер за градежништво.

Лидерите на реформистите и на ХСЛС го одбија предлогот на Пленковиќ тоа да да биде претседател на ХНС.

Во медиумите се појавија информации дека ХДЗ се обидела да ја добие поддршката од Татковинско движење во случај актуелните коалициски партнери да ги напуштат, но ова движење ги одбило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.