Бугарскиот премиер Кирил Петков утре ќе знае дали ќе му преживее владата, кога во собранието ќе се расправа за ребалансот на буџетот по што ќе стане јасно колку пратеници ќе го поддржат. За да се задржи на премиерската позиција по повлекувањето на „Има таков народ“ од владината колаиција на Петков, како што изјави денеска самиот, му недостигаат седум пратеници. Тој веќе смета на поддршката на петте пратеници кои вчера ја напуштија пратеничката група на „Има таков народ“ и соопштија дека ќе дејствуваат независно. Иако Петков тврди дека тој и неговата партија „Промените продолжуваат“ на ниту еден начин не влијаеле врз нивната одлука, тој повика уште седум пратеници да го следат нивниот пример. Тој не одговори на новинарско прашање дали Василев ќе остане на функцијата министер, но најави дека новите министри ќе ги предложи штом собере мнозинство во собранието.

Јас навистина им благодарам на храброста на овие пратеници и на Радостин Василев, и тоа што рекоа: ’Нашата лојалност е кон Бугарија’, рече Петков.

Петков е сигурен дека ќе најдат уште истомисленици кои ќе ја поддржат неговата влада, за која е на став дека во моментов е стабилна.

Бугарија во овој момент ако влезе во низа од избори ќе биде навистина погубно и загуба на историско време. И во моментов едноставно секој треба да си каже: ’За што сум јас во ова Народно собрание. Каква е мојата одговорност и кон кога е таа одговорност’. И тоа што го видовме е дека има смели луѓе, луѓе кои се одговорни и се надевам дека ќе биде следен нивниот пример – изјави Петков.

Поддршка за владата веќе официјално најави еден од петте пратеници кои ја напуштија „Има таков народ“,

Тоа што ме натера да го направам токму тоа што ви го кажав. За мене во моментов се прави голем обид за тешка дестабилизација на државата во многу сериозна геополитичка и економска ситуација. Тоа е главната работа што ме натера. Не прифаќам ова што се случува – рече Георгиев.

Инаку владеачката партијата на Петков денеска почна наддавање со Трифонов, околу повлекувањето на неговата партија од коалицијата. Според „Промените продолжуваат“ Трифонов само еден час пред тие да излезат на прес-конференција и да ги соопшттат проблемите во коалицијата поради блокадите кои ги правела „Има таков народ“, Трифонов ги претркал и го најавил повлекувањето.

Петков освен за спас на владата потребни му се и 121 пратеник и за изгласување на 22 предлог-закони без кои Бугарија ќе загуби 12 милијарди евра од европските фондови, но и ребалансот на буџетот со кој треба да се амротизира економската криза.

Анкетите на јавното мислење во Бугарија покажуваат дека граѓаните се поделени околу одлуката на „Има таков народ“ да ја напушти колаицијата. Триесет и три проценти целосно го одобруваат потегот, 29 проценти сметаат дека е проблематично, а 38 се целосно против, оценувајќи го повлекувањето како уцена и обид за дестабилизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.