Во супермаркет од познат бренд во Борча, дошло до општ хаос, поради ни помалку ни повеќе, туку за ќебапи. Снимката од тепачка на повозрасни граѓани  се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа една постара жена која се обидува да земе пакет ќебапи, додека истовремено им брани на другите да земат.

Во хаосот не се гледа кој колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидер, како би ги одбранила своите пакети кои имала намера да ги купи.

Акцијата на ќебапи од свинско и говедско месо е завршена денеска, а цената по килограм изнесувала 319.99 динари. Акцијата почнала во четврток 23 март, па поради тоа дошло до општа тепачка и турканица.

Тепачка за ќебапи имало и низ другите градови, каде супермаркетот има свои подружници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.