Автобус полн со патници излетал од патот во Овчар Бања, затоа што паднал мост на Западна Морава, објави српски „Курир“. Наводно, има повеќе повредени кои се згрижени во болницата во Чачак.

Според првичните информации, се работи за пешачкиот мост, но дел од регионалните медиуми објавија дека тоа е мост по кој можат да поминат и возила.

Несреќата се случила околу 11 часот, а на местото на настанот се испратени екипи на итната помош и пожарникари.

Според првите информации има повредени, но засега се уште не знаеме за какви повреди се работи. Во моментов се извлекуваат патници од автобусот – потврдил извор од спасувачките служби за агенцијата РИНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.