Емирџан Сумер е убиецот на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Го застрелал од мотоцикл во движење на автопат во близина на Истанбул. Во возилото биле уште сопругата Маша и ќерката, објававија турските медиуми.

Сумер испалил пет куршуми, од кои четири завршиле во Вукотиќ.

Полицијата прегледала 1.700 часа снимки од безбедносните камери од над 200 локации, почнувајќи од местото каде што беше убиен Вукотиќ. Утврдено е дека го следел мотор, но и друг автомобил. Со анализа на регистарски таблички е откриено дека мотоциклот го управувал извесен Јакуп Доан, а дека пукал Емирџан Сумер. Станува збор за членови на криминалната организација на Бариш Бојун, по кои е распишана црвена потерница. Тој годинава беше уапсен во Грузија. Меѓутоа, судот во таа земја подоцна го ослободи. Потоа се преселил во Италија, каде што во август годинава повторно бил уапсен во Римини на брегот на Јадранското Море. Бојун е познат по бројни вооружени напади, уништување имот и грабежи – дознаваат турските медиуми.

Под возилото во кое е убиен Вукотиќ, кое било изнајмено во Измир, бил поставен ГПС уред, со кој бил следен.

Сево ова го договрил братучедот на Радоје Звицер, кој на Турците им платил 1.5 милиони евра. Турската полиција реагираше и веднаш се уапсени Живковиќ и Сумер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.