Црногорските медиуми објавија нови детали за извршителот на незапаметениот масакр во Цетиње, којшто се случи во петокот попладне, кога 34-годишнот Вук Бориловиќ уби десет луѓе, меѓу кои и две деца, по што и самиот беше застрелан.
Човекот одел од куќа во куќа, кој и да бил внатре ги убивал, луѓе во фотелји, во кревети. Старо и младо. Тоа траеше околу еден час. Дојде дури и до нашите скали, да влезе во нашата куќа. Меѓутоа, полицаецот беше на нашата тераса затоа што од нашата тераса најдобро се гледаше неговата куќа. И полицаецот нè спаси да не влезе дома и да нè… Тука беа и двете внучиња и свекрвата, стара жена и мојот сопруг. И, успеа полицаецот да нè спаси. Јас сум денес тука, а и моите внучиња и целото семејство – раскажува жена сведок на крвавиот напад во Цетиње за „Прва ТВ“.
Таа додава и дека можело да се слушне болното лелекање на луѓето:
Тие викаат, плачат, а тој ги удира со кундакот во врат, крши стакла. Од ова, сите жители на Цетиње, а особено ние жителите на оваа населба тешко ќе закрепнеме – раскажала жената.
Црногорските медиуми откриваат дека Бориловиќ од претходно имал досие. Се поставува прашањето зошто од полицијата која прилично доцна ја изнела службената верзија на настанот, соопштено било дека убиецот немал криминално минато.
Медиумите објавуваат дека во младоста тој имал четири-пет пријави за насилничко однесување, а пред шест-седум месеци прво вербално, а потоа и физички нападнал колега.
По конфликтот на работа, Бориловиќ заминал кај него дома, го повредил, му го оштетил автомобилот и гаѓал со камења во куќата. Колегата го пријавил, а Бориловиќ бил приведен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.