Кобниот ден Марко ѝ се јави на Сузана и ја натера Петра да ѝ рече дека многу им е убаво во нивниот стан и дека треба и мама да дојде, да бидат заедно. Сакал, веројатно, да ја намами да дојде за да ја убие и неа…
Постојано бришејќи ги солзите од лицето, за српски „Новости“ го раскажува братот на Сузана Б, мајката на двеиполгодишната Петра, која во вторникот попладне во својот изнајмен стан во Вршац брутално ја уби нејзиниот татко Марко Б.(35).
Ја удавил во кофа полна со вода, а потоа се обесил од лустерот.
На оваа невидена трагедија ѝ претходела забрана за приближување на сопругата, која му била изречена на Марко уште во мај годинава, откако Сузана го пријавила за семејно насилство.
Тогаш ѕверски ја претепал во домот на нејзините родители, на улицата Првомајска, каде што живееле сите заедно. Оттогаш не смеел да се приближи до таа куќа.
Подолго време беше насилен кон Сузана. Имаше психички проблеми, за што надлежните институции му наложија да се лекува, но негов избор беше дали ќе ја зема терапијата или не, продолжува братот на Сузана.
Што сè ѝ правел?
Во пресудата на Основниот суд во Вршац, која е изречена само една недела пред Марко да ја убие својата ќерка, а потоа и себе, се наведува дека семејното насилство траело пет години. Со пресудата Марко е осуден на условна казна од една година затвор со пробен период од три години и задолжително психијатриско лекување, бидејќи поради биполарно растројство на личноста и анксиозно-депресивна состојба, физички и психички ја малтретирал сопругата.
– Не ѝ дозволуваше да се гледа со кого сака, да користи социјални мрежи, да ги чита книгите што сака да ги чита, се наведува, меѓу другото, во пресудата.
– Во јуни 2019 година, по расправија, ја претепал и ѝ се заканил дека ќе ја заколи, а кога таа го пријавила за семејно насилство на 30 април годинава, ја претепал и ја клоцал по главата бидејќи ѝ давала на ќерка им бисквити за јадење.
Според пресудата, кога детето тој ден заспало, без да каже збор, неколку пати ја удрил Сузана по главата, а кога паднала на подот, продолжил да ја удира со клоци и да ја гази, нанесувајќи ѝ повреди на главата и градниот кош.
Убиецот пред една недела бил осуден за насилничкото однесување кон сопругата, на условна казна од три години, со задолжително психијатриско лекување. Но, тој добил право еднаш неделно да се гледа самостојно со својата ќерка, бидејќи, како што вели соговорникот на „Новости“, било оценето дека нема да му наштети на детето.
Сузана беше против. Цело време повторуваше дека Марко е опасен, но сметаа дека тоа го кажува само затоа што имала лоши односи со него. Нивниот став беше дека тој бил насилен само кон мајката, а не и кон детето. Освен тоа, имал и документи како доказ дека неговата здравствена состојба е доволно добра за да може да биде сам со Петра, објаснува неутешниот вујко.
Марко дента самиот објавил дека ќе го направи ова и преку СМС пораки и преку видео клипови кои ѝ ги праќал на Сузана. Тој испратил видео и до локален портал, што јасно покажува дека бил свесен што прави.
Во видеото вели дека неговиот живот повеќе нема смисла, и дека со себе ќе ги земе и она што најмногу го сака. На видеото се гледа и црвената пластична кофа, во која подоцна ѝ го одзеде животот на своето невино дете, вели извор од истрагата.
Снимката ја испратил на неколку адреси околу 13 часот, а полицијата дошла еден час откако вознемирената мајка им покажала сè, но било предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.