Не мора да бидам премиер или министер, рече поранешниот претседател на Владата Бојко Борисов чија партија ГЕРБ ќе се обиде да состави влада по победата на завчерашните избори во Бугарија.

ГЕРБ освои 25,3% гласови, лидерот на Продолжуваме со промената, Кирил Петков, веднаш кажа дека нема шанси да прават коалиција со ГЕРБ, а вакви пораки дојдоа и од социјалистите и од партијата Демократска Бугарија.

Нови, брзи избори нема да донесат поинакви резултати. Подготвен сум за секакви компромиси и отстапки во името на народот, изјави 63-годишниот Борисов, додавајќи дека сите партии мора да најдат заеднички основа за бугарската позиција во однос на војната во Украина.

Седум партии влегоа во парламентот по четвртите избори за помалку од две години, при што на второто место заврши Продолжуваме со промената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.