ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо.

По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, бизнисменот Васил Терзиев, со 32 отсто, втора е познатиот борец за синдикални права Вања Григорова, која е кандидат на БСП, со 22,6 отсто, додека кандидатот на ГЕРБ, новинарот Антон Хекимјан заостанува со 19 проценти од гласовите. Што значи дека не влегува во вториот круг. И во гласањето за општинскиот совет ГЕРБ заостанува, освојувајќи 20 отсто наспроти 33 проценти за ПП-ДБ. Анкетите одамна предвидуваа дека гласачкото тело на граѓанската коалиција ПП-ДБ во Софија е многу силно, но невлегувањето во второт круг на кандидатот на ГЕРБ е сериозен удар за Борисов, што покажува колку се намалува влијанието на партијата. Иако на државно ниво сѐ уште е прва по освоениот број гласови.

За да остане мотивацијата кај гласачите на ГЕРБ во Софија тие ќе имаат можност да излезат во втгориот круг и да гласаат за изборот на градоначалници во 20 квартови на главниот град, каде во огромниот дел водат кандидатите на ПП-ДБ, а нивните членови се главно втори.

ГЕРБ може да се пофали дека во првиот круг нејзини кандидати (или што ги поддржала) победија во шест града (најважниот од нив е Бургас), но гласовите за општинските совети не се толку убедливи. Според досега избројаните гласови неочекувано добар резултат има коалицијата ПП-ДБ, која освојува повеќе отколку што ѝ предвидуваа анкетите.

Излезноста беше многу мала, само 36,9 отсто.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.