Земјотрес од три степени синоќа го погоди градот Бања Лука, а подоцна е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,7 степени, со епицентар во близина на Зеница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Неколку лица се повредени, а причинета е значителна материјална штета на објекти на подрачјето што го покрива Цивилната заштита на Зеница во синоќешните земјотреси во близина на центарот на градот, соопшти премиерот на Зеничко-добојскиот кантон, Незир Пивиќ.

Се додава дека земјотресот од 4,7 степени бил почувствуван во и околу Сараево, Бања Лука, Жепч, Витез, Травник, Бусовача, Какањ и многу други места.

Според медиумите, земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, од Славонија до Далмација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.