Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано.

Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени.

Заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.