На социјалните мрежи масовно се шерува видео снимка на која е прикажана масовна тепачка во ресторан која се случила минатиот викенд.

Сите се запрепастени од оваа снимка, која доби негативни коментари на социјалните мрежи.

На таа снимка има само мал дел од општата тепачка, односно втората рунда кога страстите донекаде се смирија и пред да дојде полицијата по пријавата. На видеото не се гледа пресметката која и претходеше, која беше жестока бидејќи не се знаеше кој кого удира, па ресторанот беше вистинско бојно поле, открива извор за српските медиуми.

Според изворот, пред крај на работното време, штом музичарите го завршиле последниот блок, почнала расправија, а потоа и невидена тепачка.

Најмалку десет млади мажи и жени се тепаа меѓу себе со тупаници и нозе, летаа шолји, чаши, пепелници, инвентар од кафеаната… Шанкот се тресеше од врева, пцовки, туркање, закани и врисоци додека келнерите се обидуваа да ги смират и раздвојат „завојуваните“ гости. Оштетен е и инвентарот, а на ѕидовите останаа највпечатливите траги на вандализам, пренесуваат медиумите во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.