Стотици луѓе се собираат пред бугарското Народно собрание во главниот град Софија на протест против зелените сертификати, што го организираше партијата „Преродба“.

националистичката група води кампања против имунизацијата за КОВИД, зелените сертификати и мерките за сузбивање на пандемијата.

Еден час откако започна протестот, на повици на дел од учесниците во протестот, толпата се упатила кон полицискиот кордон по што се случил контакт со полицијата, а демонстрантите се качиле по скалите на главниот влез на Народното собрание.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во коментар за БТВ рече дека станува збор за „длабока разлика меѓу група на луѓе кои не веруваат во мерките, некои од нив не веруваат во КОВИД“ и повика на одржување на работна група.

Петков побара тие да предложат 10 луѓе, посочувајќи дека во моментот кога ќе заврши неговиот карантин сака да разговара со нив за создавање на нов модел за надминување на следниот КОВИД бран.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.