Државјанка на Македонија починала вчера во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац.

По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.