Американските власти ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да ги истражат сите случаи на глорификација на лица осудени за воени злосторства, како и малтретирање на повратници во Република Српска, за време на прославата на 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставен.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, изјави дека властите во БиХ мора веднаш да реагираат кога станува збор за истрагата за глорификацијата на лицата осудени за воени злосторства.

Ги повикуваме надлежните органи веднаш да ги анализираат овие инциденти и да ги повикаат одговорните лица на одговорност.  САД се добро запознаени со случаите кои вклучуваат говор на омраза, глорификација на воени злосторници и провокации против повратниците во ентитетот РС – соопшти Стејт департментот.

Коментирајќи го присуството на руски и кинески дипломати на прославата на Денот на РС, Прајс изјави дека „додека кинеските и руските претставници учествуваа во дестабилизирачките церемонии, САД донирале 96.000 дози вакцини против корона вирус на Босна и Херцеговина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.