Грција подготвува соодветна правна реакција во однос на туристичката кампања и барањето Турција да го регистрира бренд-името „Turkaegean“ (Турски Егеј) во надлежните служби на Европската Унија.

Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, во интервју за телевизијата „Скај“ објасни дека не станува збор за признавање на конкретното трговско име од Европската Унија, туку е одлука на приватна канцеларија во Мадрид. Иконому истакна дека, сепак, Грција ќе реагира, додавајќи дека САД не го прифатиле и не го признале конкретниот термин.

Министерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас, говорејќи за „ЕРТ“ објасни дека ќе покренат правна процедура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.