Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ истакна дека има информации оти претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и лидерот на „Кавачкиот клан“ Радоје Звицер го планирале убиството на Александар Вучиќ, пишува „Република.рс“

Шешељ тврди дека за почетокот на февруари се подготвува ликвидација на претседателот на Србија во режија на Мило Ѓукановиќ и лидерот на кавачкиот клан Радоје Звицер.

-Ви пренесувам само голи информации, без никаква обработка и сакам да ги убедам нашите служби да се изјаснат и да кажат дали е вистина или не – рече лидерот на радикалите.

Звицер последен пат бил лоциран во Бразил. Тој го напушти Балканот преку Босна и Херцеговина во Јужна Америка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.