Албанскиот претседател Илир Мета, осврнувајќи се на состојбата со растот на цените, вечерва побара од Владата да ги намали цената на горивата и да одобри пакет економски мерки за заштита на ранливата категорија граѓани.

Според него, вакви мерки презеле Грција, Македонија, Косово и Хрватска, а Албанија „има преземено нула економски мерки за помош на семејствата и земјоделците” барајќи албанската влада под итно да го следи примерот на Грција, Македоноја, Косово.

Владата итно да интервенира: Да се намали цената на горивото; да одобри економски пакет за помош на семејствата кои имаат потреба. Сега е време да се слушне гласот на граѓаните, порачува Мета.

Во објавата додава дека Грција одобрила пакет економска помош од 300 до 400 евра за секое семејствата со ниски приходи.

Македонија подготви економски пакет од 400 милиони евра за ублажување на ценовната криза, фокусирајќи се на намалување на цените на горивото, струјата и помагање на семејствата на кои им е потребна. Косово издвојува 50 милиони евра субвенции во земјоделството. Хрватска ја укина акцизата за нафтата. Албанија нула економски пакет за помош на семејствата во неволја, земјоделците и малите бизниси и нула иницијативи за намалување на навредливите цени на горивото, струјата и производите за потрошувачката кошничка, напиша Мета во објавата на Фејсбук.

Во Тирана и други градови беа одржани протести со барање за намалување на цената на горивата, што, според учесниците ќе ги намали и цените на транспортот и на другите производи. Најавени се секојдневни протести се до исполнување на барањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.