Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај рече дека знае дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово зошто ако нешто слично се случи Белград ќе биде бомбардиран како во 1999 година.

Српското раководство многу добро го знае тоа. Ако некој српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не некоја друга територија. Доколку тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави во служба на Русија. Ако немаат можност да најдат решение за Русија, Западот е прилично добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи уште еднаш во 1999 година, изјави Харадинај на РТВ Дукаѓини.

Тој додаде дека Србија знае дека Косово е подрачје на одговорност на Америка, Велика Британија и други, додека за Русија рече дека има влијание во некои делови на Балканот, но дека на Косово воопшто нема.

Вучиќ и Србија во овој момент немаат храброст да интервенираат на север поради меѓународната гаранција, рече Харадинај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.