Косовскиот аналитичар и универзитетски професор, Блерим Љатифи смета дека актуелниот судир меѓу западните демократии и Руската Федерација околу Украина може да резултира со обединување на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 1913 година резултираа со лондонска Албанија. Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 2007-2008 година резултираа со независно Косово. Можно е од геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија, што започнаа со кризата во Украина, Косово и Албанија да се обединат во една заедничка држава“, смета Љатифи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.