Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.

Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.