Големиот пожар кој беснее во Крас и од словенечка и од италијанска страна, опасно се приближи до населбите. Веќе изутрината на италијанска страна пожарот се доближи до селото Џамље, каде што се запалија и неколку куќи. Жителите претходно беа евакуирани и населени во близина на Добердоб. Пожарот, кој се прошири преку границата околу 13 часот, им се заканува и на селата од словенечката страна. Жителите морале да ги напуштат селата Села на Красу, Корита, Худи Лог, Брестовица при Комно и Кларича.

Жителите на четирите села загрозени од пожарот (Села на Карсу, Худи Лог, Корита на Красу и Нова Вас) се засолниле во просторот за настани во Опатје Село, пишува СТА. Според најавите, Општинската цивилна заштита ќе им постави привремено сместување во Опатје Село.

Дека состојбата во селата е критична, сведочи и видеото од словенечката армија, кое го снимил припадник во едно од селата.

Армијата помага во гаснењето на пожарот со хеликоптери и товарен авион Пилатус. Во гаснењето помага и полицијата која ставила на располагање неколку хеликоптери. Покрај гаснењето пожар со вреќи, полициските хеликоптери овозможуваат и увид на просторот со термичка камера. Во борбата со пламените јазици за прв пат во историјата ќе помогне и полицискиот воден топ кој ќе ги снабдува со вода пожарникарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.