Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека уставот на Косово предвидува дека сите граѓани се еднакви пред законот, зборувајќи за барањата на Србија да и се дозволи гласање на претстојниот референдум во Косово.

Тој на вонредната седница истакна дека Србите можат да гласаат преку пошта или преку Канцеларијата за врски во Приштина.

„Никој не го крши правото на глас, едноставно поради фактот дека должноста на српската амбасада на Косово ја врши преку Канцеларијата за врски во Приштина, гласањето за референдум може да се заврши токму овде согласно законските рамки предвидени во нашиот Устав“, истакна Курти.

Според Курти, косовските Срби во последните години не гласале како гласачи во странство, туку директно во земјата.

„Косово е независна и суверена земја и како таква треба да се третира. Собранието, повикувајќи се на уставот, не го признава правото една држава еднострано да организира референдум на суверена територија на друга држава“, изјави Курти, упатувајќи порака до Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.