По исчезнатото момче од Сплит се трага веќе 16 дена, а секојдневно има нови информации кои се точни и официјални, како и неофицијални.

Сигурно тоа што предизвикува голема бура во јавноста е тоа што се појавила мистериозна девојка од Сплит, со која Матеј Периш (28) критичната вечер бил во врска.

Како што дознава српски „Курир“, станува збор за М.С. од Сплит, сопственичка на фирма на бродови во тој град, а на 30 декември била во Белград со своето друштво како и Матеј.

„Откако се дозна дека убавата девојка некако е поврзана со исчезнатиот Матеј, сите новинари од Хрватска се обидоа да стапат во контакт со неа, но таа сите ги блокирала и одбила да соработува со нив“, вели извор од Сплит и додава:

„Дури ги избришала и профилите на социјалните мрежи. Откако се дознало за неа во јавноста, многумина се прашуваат како била поврзана со исчезнатото момче, но набрзо било откриено дека пријател од Матеј е нејзин брат“.

Според зборовите на соговорникот на српски „Курир“,  станува збор за пријател на исчезнатиот кој не сакал да тргне со нив на патувањето во Белград.

„Братот на М.С. не сакал да оди на патувањето затоа што сметал дека е рано да се забавува затоа што неодамна изгубиле пријател. Но, Матеј секако дека стапил во контакт со Сплиќанката“, вели изворот, па продолжил:

„Секако дека се слушнале неколку пати таа вечер кога исчезна. Меѓутоа, М.С. е многу контрадикторна во своите изјави затоа што навела дека поради музиката во локалот не разбрала што ѝ зборува Матеј. Од друга страна изјавила дека видела само пропуштен повик од Матеј“.

Изворот од Сплит вели дека М.С. кога се прочуло во јавноста за случајот за Матеј, дури ставила и црна фотографија на својот профил на Фејсбук.

„Стави фотографија пред неколку денови и наводно жали по него. Сето тоа е чудно на некој начин, но и сомнително делува и нејзиниот исказ кој го дала во полиција. Меѓу другото, на надлежните власти им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа (капетан на брод), бил многу амбициозен и за да постигне сè што ќе зацртал користел опијати“, навел соговорникот.

„Зошто таа веднаш не се јавила во полиција и не кажала дека била во контакт со него, туку чекала да се направи цела анализа на телефонот на Матеј, за судот не е познато“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.