Косовскиот премиер, Албин Курти, на Твитер напиша дека одлуката да се одложи до 1 септември одлуката за реципроцитет е донесена под услов да се отстранат сите барикади и да се воспостави целосна слобода на движење.

Во соработка со нашите меѓународни сојузници, се обврзуваме да го одложиме спроведувањето на одлуките за регистарските таблички на автомобилите и документите за влез и излез на граничните премини со Србија за 30 дена, под услов да се отстранат сите барикади и да се врати целосната слобода на движење – напиша Курти.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, соопшти дека на граничните премини на Косово почнале да се издаваат документите за влез, со исклучок на пунктовите Јариње и Берњак, кои се уште се затворени поради барикади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.