Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е изненаден од толеранцијата и молкот на меѓународната заедница во однос на „акциите“ на Србија, еден ден откако српската полиција приведе тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција.

За време на прес-конференцијата, по седницата на Советот за безбедност на Косово, Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград

„Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград и да повика на ослободување на полицајците… Она што не изненадува е толеранцијата и молкот на меѓународната заедница кон дејствија на Србија, која постојано бара дестабилизација“, рече Курти.

Тој додаде дека е изненаден што КФОР не излезе со официјално соопштение за местото каде се случи инцидентот и претстави мапа за која тврди дека апсењето на косовските полицајци „се случило длабоко на територијата на Косово“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.