Косовската влада одлучи денеска да го прошири пакетот на економско-финансиски санкции кон Русија и Белорусија, поради руската агресија врз Украина и белоруската улога во таа агресија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Новите мерки, усвоени на денешната седница на Владата на Косово, предвидуваат замрзнување на средствата на санкционирани лица, забрана на патување во и преку Косово и забрана на транспорт на стоки во земјата од тие две држави.

Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими, образложувајќи ја одлуката, на денешата владина седница рече дека на овој начин Приштина „останува на линија со западните сојуници“ кога се во прашање мерките кон Русија и Белорусија.

Бислими напомена дека Косово е меѓу првите земји во светот кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.

Приштина воведе санкции и кон „неинкорпорираниот приватен воен ентитет Група Вагнер“, чие седиште е во Русија, со образложение дека „актвностите на тој ентитет се во спротивност со меѓународните закони“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.