Во голема акција во Хрватска се упапсенисоработници на Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот шверц на неколку стотици килограми кокаин, вреден најмалку седум милиони евра!

Според хрватските медиуми,уапсените на територијата на Риека и Загреб се поврзани со исчезнувањето на 200 килограми кокаин пролетта минатата година, што предизвика конфликт меѓу кланот.

Интересно за нас што меѓу нив е и македонски државјанин (58)  кој украл 200 килограми кокаин од членовите, дрога што  од Загреб требало да биде пренесена во земјите од Западна Европа. По кражбата на дрога вредна милиони, хрватската полиција ги зголеми безбедносните мерки во таа земја, бидејќи се очекуваа нови крвави конфликти поради исчезнувањето на кокаинот.

Кражбата на кокаин со голема вредност резултирала со многу брза и агресивна реакција на нарко кланот, кој испрати свои луѓе во Хрватска да откријат кој ја украл дрогата, а се обиделе да се вратат и да ги „казнат“ виновниците.

Тие биле испратени во Хрватска „на задача“ од наркобосот Радоје Звицер, односно токму за да се одмаздат за исчезнувањето на дрогата или да се обидат да ја најдат и да ја вратат на сопственик – изјавија тие.

Но, Македонецот набрзо бил уапсен со уште неколку соработници, а хрватската полиција од 200 украдени пронашла 125 килограми кокаин, закопани во буриња на неколку локации во близина на Загреб.

Со апсењето нашиот државјанин се спасил луѓето на Звицер да не го ликвидираат.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.