Медицинска сестра фатила двајца пациенти како имаат секс во болничката соба во загребската болница Виноградска. 34-годишен загрепчанец и уштепет години постара сплиќанка се фатени голи, како од мајка родени, во љубовен клинч во болницата каде се лекувале. Откако медицинска сестраги предупредила дека го кршат болничкиот кодекс и дека може да бидат избркани од одделението, тие почнале жестоко да ја навредуваат.
Поради необичниот конфликт интервенирала и полицијата, а бил поднесен и обвинителен акт против 34-годишникот бидејќи, меѓу другото, на лекарката која веднаш пристигнал по повикот од сестрата, 1 се дерел: „Ти ќе бидеш виновна ако треба да лежам 19 месеци затвор, ќе ме памтиш к*рво, ќе те тужам!“
Револтирана, пак, сплиќанка на цел глас викала: „Да ти е*ам матер, к*рво една, ти ќе нè бркаш“.
Полицијата ги привела и ги пријавила за кршење на членот 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а општинскиот суд за прекршоци во Загреб неодамна им изрече парична казна од по 600 куни (oколу 100 eвра) и им наложи да платат по 200 куни за судски трошоци (околу 25 евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.