Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство.

– Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев, изјави бугарскиот премиер

– Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага, нагласи Петков.

Наводите на Петков доаѓаат откако поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше приведен 24 часа во специјална операција во четвртокот доцна навечер, заедно со Севделин Арнаудов од службата за односи со јавноста на Борисов и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.

По ослободувањето, од државното обвинителство изјавија дека немаат доволно податоци за нивно приведување како обвинети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.