Во извештајот од 1950 година посветен на Албанија, американската разузнавачка агенција дава кратка историја на земјата и наведува дека Албанците се преселиле од областа на денешен Азербејџан на Балканот – затоа, тие не се ниту Илири, ниту староседелци.

Во обемниот извештај на ЦИА од повеќе од сто страници за Албанија, кој беше декласифициран се тврди дека Албанците се преселиле на Балканот заедно со голема индоевропска група на народи, се вели во документот на ЦИА.

ЦИА се повикува на римскиот историчар Страбон, кој забележал дека во векот пред Христа, Албанците ја населувале областа околу реката Кура, во денешен Азербејџан, дека биле важна етничка група бидејќи можеле да соберат војска од 80.000 луѓе под оружје.

Луѓето што Страбон ги нарекува Албанци се состоеле од племиња управувани од „кралеви“  а кои биле притиснати од југ и исток и без можност понатаму ја бранат својата територија тргната во Големата преселба на народите и така стигнале до денешна Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.