Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.