Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра.

Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, истакна дека еврото ќе биде воведено на 1 јануари 2023 година, а од 5 септември годинава цените ќе бидат изразени двојно.

Цените ќе бидат истакнати во куни и во евра уште една година, цела 2023 година. Од 1 јануари 2023 година куните ќе може да се менуваат во евра една година. Банкнотите куни ќе може да се заменуваат бесплатно во Хрватската народна банка засекогаш – истакна Пленковиќ.

На истата прес-конференција министерот за финансии Здравко Мариќ наведе дека куните во банките автоматски ќе се претвораат во евра според официјалниот курс (7,534 куни за евро).

Од 5 септември задолжително цените ќе бидат во куни и во евра, но убеден сум дека некои трговци со тоа ќе почнат порано. Четири месеци пред и 12 месеци по воведувањето на еврото, задолжително е да има двојни цени – посочи Мариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.