Ноќеска загинаа двајца деветнаесетгодишници во сообраќајна несреќа во близина на Вршац, Србија.

Станува збор за младите фудбалери Маријан Мариќ и Кристијан Миошко.

Од засега непознати причини возилото „рено меган“ кое се движело од правец на Уљма излетало на почетокот на мостот од коловозот, ја пробило оградата и завршило во каналот Дунав-Тиса-Дунав. Немало спас за двајцата млади момчиња во тој автомобил.

Од нив се збогувале клубовите за кои играле.

„Ја информираме фудбалската јавност дека две млади момчиња, фудбалерите Маријан Мариќ и Кристијан Миошко, трагично загинаа во сообраќајна несреќа ноќта меѓу неделата и понеделникот. Ненадоместлива загуба за сите… Наше искрено сочувство до семејствата. , стои во објавата на Инстаграм профилот „Војводина фудбал“.

Од Мариќ се прости и романскиот клуб Думбравица за кој настапувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.