Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) и Министерството за внатрешни работи на Република Српска од утрово низ Босна и Херцеговина спроведуваат голема акција под кодно име „Ира“, чија цел е разбивање на организирана криминална група, пренесува порталот Аваз.

– Групата е поврзана со криминалци од Босанска Градишка и Миливое Ловреновиќ Чаруг. Сите ја користеа апликацијата Sky. Меѓу уапсените има и членови на Земунскиот клан. Досега се уапсени 12 лица – пишува овој босански портал.

– Претреси се вршат поради сомнение за организиран криминал, недозволена трговија со дрога, оружје и воена опрема и перење пари од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, како и кривични дела поткуп во деловна активност, оддавање службена тајна и телесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.